• вторник, 27 август 2024

Најстудено во Берово, најтопло во Дојран

Најстудено во Берово, најтопло во Дојран
Скопје, 9 ноември 2022 (МИА) - Утрово е најстудено во Берово, каде се измерени -2 степени Целзиусови, а најтопло во Дојран со измерени 10 степени, информираат од УХМР. Во 7 часот се измерени 2 степени во Тетово, Маврови Анови, Лазарополе и Битола, 3 во Скопје-Петровец, и Крива Паланка, 4 во Прилеп, Штип и Попова Шапка, 5 во Струмица, Демир Капија, Охрид, Претор, Крушево и Куманово, 6 во Скопје-Зајчев Рид и Виница, 7 во Гевгелија и 10 во Дојран. Денеска претпладне ќе има магла или ниска облачност по одделни котлини. Во текот на денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 16 до 20 степени. Во Скопје претпладне ќе има појава на магла, преку денот ќе биде ончево со мала до умерена облачност и со слаб југоисточен ветер. Максималната температура ќе достигне 17 степени. сст/дма/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан