• среда, 18 декември 2024

Најстариот судија во Врховниот суд на САД, Стивен Брејер, заминува во пензија 

Најстариот судија во Врховниот суд на САД, Стивен Брејер, заминува во пензија 

Вашингтон, 26 јануари 2022 (МИА) - Стивен Брејер, најстариот судија во Врховниот суд на САД, ќе замине во пензија на крајот од мандатот на актуелниот состав на судот, соопштија извори блиски на судијата, јави Вашингтон пост 

Познавачите велат ова ќе му даде шанса на претседателот Бајден да го засили либералното крило во судот, кое е во малцинство, и да го реализира своето ветување за првпат во историјата да биде номинирана жена со афроамериканско потекло. 

Брејер (83) е настариот судија во Врховниот суд и е под голем притисок да замине во пензија, во време кога демократите имаат тенко мнозинство во Сенатот, инстотуцијата што ја потврдува номинацијата на судиите во Врховниот суд. 

Дури и да биде заменет, номинираниот или номинираната во негова замена нема да го намали конзервативното мнозинство во судот. Брејер е еден од тројцата либерални судии, но новиот наследник ќе биде помлад и од поголема корист за останатите двајца. 

Врховниот суд на САД е составен од вкупно девет судии. Актуелниот мандат му завршува кон крајот на јуни. кб/сд/  

Остани поврзан