• петок, 27 декември 2024

Најстарата жена на светот почина на 124 години

Најстарата жена на светот  почина на 124 години

Техеран, 7 февруари 2024 (МИА) - Најстарата жена во Иран и во светот, почина во својата 125-та година од животот, како што покажуваат податоците од нејзините лични документи. Таа пред скоро три години беше призната за најстара жена на светот и во Гинисовата книга на рекорди.

Масумех Санеи Тороги, родена на 23 септември 1899 година, почина завчера во Машхад, во североисточени Иран. Се верува дека Иранката починала на постара возраст од Французинката Жан Калмен, која во 1997 година почина на 122-годишна возраст.

Причината за сомневање во веродостојноста на податоците за „новата“ најстара жена во светот е тоа што Иран почнал да издава документи од матичните книги дури во 1918 година, односно цели 20 години по раѓањето на Масумех Санеи Тороги.

Според Гинисовата книга на рекорди, најстарата жива жена на светот е Марија Брањас Морера од Шпанија, која на 4 март ќе го прослави својот 117. роденден.  си/ми/

Фото: Фејсбук, Инстаграм

 
 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by RT (@rt)

Остани поврзан