• недела, 17 ноември 2024

„Најсреќниот човек на светот“ во редовна кино дистрибуција во шест европски земји

„Најсреќниот човек на светот“ во редовна кино дистрибуција во шест европски земји

Скопје, 13 март 2023 (МИА) - Во текот на февруари и март филмот „Најсреќниот човек на светот“ на режисерката Теона Стругар Митевска е вклучен во редовна кино дистрибуција во шест европски земји. Светската дистрибуција ја почнува во Франција, каде филмот ќе се прикажува во 37 кино сали. Кино прикажувањето на филмот во Франција е водена од дистрибутерската куќа „Пирамид“, што го дистрибуиташе и претходниот филм на Теона „Господ постои нејзиното име е Петрунија“.

Како што е најавено, филмот наредниот период ќе се прикажува и во Босна и Херцеговина, а потоа следува дистрибуцијата на филмот во Данска, Италија и Швајцарија. Филмот од април ќе се прикажува и низ кино салите во Италија. 

Исто така, во март и април „Најсреќниот човек на светот“ ќе се прикаже на 12 фестивали нив светот. Започнувајќи со филмскиот фестивал во Мајами, од каде продолжува на Софискиот филмски фестивал, па на Картагена филмскиот фестивал во Колумбија. Потоа во Шпанија на фестивалот во Барселона, па Кливленд филмскиот фестивал во САД, па повторно во Франција каде веќе освои неколку награди, овој пат во Лунел, па во Полска на филмскиот фестивал Еуроазија, како и во Краков Оф Камера филмски фестивал, потоа на филмскиот фестивал во Висконсин во САД, па во Њујорк и Милвоки.

Априлската тура на овој филм завршува со прикажување на два фестивала каде Теона Стругар Митевска е член на жиријата, прво во Истанбул, а потоа и во Линц, Австрија на Кросинг Европа фестивалот, каде Стругар Митевска ја освои првата награда со своето првенче „Како убив светец“.

Пролетта филмот ќе отвори низ кината во Латинска Америка, Азија и други земји низ Европа.бт/са/

Остани поврзан