• среда, 25 декември 2024

Најпогодните држави за живот во пензија

Најпогодните држави за живот во пензија

Осло, 31 август 2023 (МИА) - Норвешка е најпогодна земја за живот во пензија, според новата листа на „Глобал ритајрмент индекс“. На списокот се најдоа 40 земји од цел светот, каде што според показателите, пензионерите живеат најдобро.

При составувањето на листата, биле анализирани неколку фактори - износот на пензијата, здравствената заштита, квалитетот на животната средина и општите услови за живот. Така, во првите пет држави се и Швајцарија, Исланд, Ирска и Австралија. Подолу следат и Нов Зеланд, Германија, Малта, Велика Британија, САД, Јужна Кореја итн.

Од Балканскиот Полуостров, Словенија го зазеде 21. место и со тоа се најде пред Јапонија, Франција, Италија и Русија. Грција е на место број 40.

Инаку, „Глобалниот пензионерски индекс“ се обидува да ги испита условите коишто влијаат на сигурноста при пензионирањето. Од 2012 година редовно го објавува француската компанија „Натиксис“, специјализирана за управување со средства. 

За потсетување, и „Форбс“ неодамна објави листа од пет места каде што најдобро се живее како пензионер. На првото место се најде Црна Гора, поточно заливот Бока Которска. Колумнистката Кетлин Педикорд пишува дека за удобен живот таму, треба да се има месечен буџет од околу 2.600 евра.  си/

Остани поврзан