• петок, 10 јануари 2025

Најмногу метеж на ГП Табановце имало за време на летниот период, најмалку во ноември

Најмногу метеж на ГП Табановце имало за време на летниот период, најмалку во ноември

Куманово, 9 јануари 2024 (МИА) - Јуни, јули и август лани имало најмногу метеж на граничниот премин Табановце, покажуваат податоците на МВР. Тогаш влегле и излегле најмногу странски државјани, додека во јануари, мај, октомври и декември влегле и излегле најмногу македонски државјани, соопштија од МВР за МИА.

Според податоците на полицијата во јануари влегле и излегле вкупно 162.758 странски државјани. Стандардно, нашинците кои се на работа во западноевропските држави се враќаат таму и лани во овој месец од земјава излегле 137.107 македонски државјани, а влегле 86.839 лица.

Во февруари влегле и излегле 158.879 странски и 151.452 македонски државјани и тој месец имало најмал број патници на преминот. Во март евидентирано е благо зголемување на бројот на патници, па така 181.229 странски и 183.829 македонски државјани.

Повеќе странски државјани излегле во април 128. 035, отколку што влегле 99.691, истовремено и повеќе македонски државјани излегле од државата 107.021, отколку што влегле 93.465.

Метежот според податоците на полицијата почнува во мај, па така тој месец кога се празнува влегле и излегле од земјава, 298.403 странски државјани. Над 111.000 македонски граѓани влегле во земјава, а вкупно влез и излез оствариле над 215 илјади државјани.

Летните месеци имало најмногу метеж на преминот, јуни кога почнува туристичката сезона влегле и излегле 359.058 странски и 158.920 македонски државјани. Во јули влегле и излегле незначително помалку странски државјани вкупно, 349.205 и 171.446 македонски државјани. Во август влегле 159.538 странски, а излегле 85.274 државјани, влегле 60.901, македонски, излегле 113.457 државјани. Веќе во септември се намалил метежот, влегле и излегле 296.966 странски и 160.854 македонски државјани. Октомври и ноември имало помал број поминувања, во десетиот месец влегле и излегле 243.485, странски и 201.136 македонски државјани, додека ноември вкупно поминале 176.159 странски и 176.418 македонски државјани.

Празнично во декември повторно имало метеж на ГП Табановце кој е најфреквентен премин во земјава, влегле 126.031 и излегле 88.935 странски државјани. Минатиот месец влегле дури 150.276 македонски, а излегле 98.631 државјани. ам/ев/

ФОТО: МИА Архива 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан