• среда, 18 декември 2024

Најмногу дожд наврна во Виница, Тополчани, Битола и Крушево

Најмногу дожд наврна во Виница, Тополчани, Битола и Крушево
Скопје, 22 август 2022 (МИА) - Најмногу дожд до 20 часот наврна во Виница 55 л/м2, во Тополчани и Битола 18, во Крушево 16, Берово 13, Крива Паланка 11, Ѓуриште 10, Струмица осум, Прилеп и Попова Шапка седум, Гевгелија шест, Маврово четири, Пожаране три, Штип и Охрид два и во Скопје-Зајчев Рид еден л/м2. Според информациите од УХМР, вечерва поизразена нестабилност има во северозападните делови од земјава со поинтензивен пороен дожд, чести електрични празнења и засилен ветер. Локална нестабилност се најавува и за ноќните часови. ев/са/

Остани поврзан