• среда, 27 ноември 2024

Најмногу дожд во Крушево, најмалку во Пожаране

Најмногу дожд во Крушево, најмалку во Пожаране
Скопје, 31 август 2022 (МИА) - Најмногу дожд изминатите 24 часа наврнал во Крушево, 28 литри на метар квадратен, а најмалку во Пожаране, еден литар. Како што информира УХМР, до 8 часот утрово се измерени 12 литри во Тополчани, 11 во Берово, 8 во  Скопје - Зајчев Рид, 4 во Тетово и Попова Шапка, како и 3 во Маврово. Времето денеска прeтпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а од пладневните часови променливо облачно и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време, силен ветер, електрични празнења и услови за појава на град. Максималната температура ќе биде во интервал од 26 до 32 степена. УВ индексот ќе изнесува 6. Во Скопје претпладне сончево со мала до умерена облачност, попладне нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови за краткотрајно невреме. Максималната температура ќе достигне 30 степени. мч/лв/

Остани поврзан