• среда, 25 декември 2024

Најмалку 73 мигранти се водат како исчезнати по бродоломот во близина на брегот на Либија

Најмалку 73 мигранти се водат како исчезнати по бродоломот во близина на брегот на Либија

Триполи, 15 февруари 2023 (МИА) – Меѓународната организација за миграција во Либија денеска соопшти дека најмалку 73 мигранти се водат како исчезнати и се претпоставува дека настрадале во вчерашниот бродолом во близина на либискиот брег.

ИОМ наведе дека седум луѓе го преживеале бродоломот и се вратиле на либискиот брег, откако потонал бродот со 80 луѓе.

Мигрантите се обидувале да пристигнат до Европа. ми/

Остани поврзан