• сабота, 23 ноември 2024

Најмалку 67 Палестинци загинаа изминатата ноќ во израелските напади во Газа

Најмалку 67 Палестинци загинаа изминатата ноќ во израелските напади во Газа

Газа, 21 февруари 2024 (МИА) - Најмалку 67 Палестинци беа убиени во текот на изминатата ноќ во израелските напади во Газа, вклучувајќи ги  и областите каде што цивилите побарале засолниште, јавија американските меидуми.

Болницата „Шухада ал Акса“ во Деир ал Балах објави дека во неа биле донесени 44 тела по неколку напади во центарот на Газа, а новинарите ги виделе амбулантните и приватни возила како ги носат телата на убиените.

Хуманитарната организација „Лекари без граници“ денеска соопшти дека две лица загинале кога во израелска акција било погодено засолниште во Појасот Газа, во кое имало персонал.

„Иако се уште се расчистуваат деталите, екипите на итната помош веќе пристигнаа на местото каде што загинаа најмалку двајца членови на семејството на нашите колеги, а шест лица се повредени. Згрозени сме од она што се случи“, се наведува во соопштението на организацијата објавено на „Х“.

Нападот се случил во Муваси, песочен, претежно неразвиен појас од земја долж крабрежјето, што  е претворен во голем камп под шатори каде цивилите немаат пристап до основните услуги за живот. сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан