Најмалку 56 лица го загубија животот во лизгање на земјиште во Индија, 101 лице спасено
- Најмалку 56 лица, меѓу кои две деца, го загубија животот денеска во лизгање на земјиштето во јужната индиска држава Керала, а 101 лице е спасено.
Њу Делхи, 30 јули 2024 (МИА) - Најмалку 56 лица, меѓу кои две деца, го загубија животот денеска во лизгање на земјиштето во јужната индиска држава Керала, а 101 лице е спасено.
Официјални претставници веруваат дека стотици луѓе се заробени, а државата ја ангажира и армијата во операција за спасување и потрага, со два хеликоптери, пишува „Хиндустан Тајмс“.
Метеоролозите за денеска најавуваат пороен дожд. рп/
Фото: МИА архива