• сабота, 23 ноември 2024

Најмалку 52 лица загинаа во експлозијата на бомба во Пакистан, десетици се повредени

Најмалку 52 лица загинаа во експлозијата на бомба во Пакистан, десетици се повредени

Исламабад, 29 септември 2023 (МИА) - Најмалку 52 лица загинаа, а повеќе од 50 се повредени во денешниот самоубиствен бомбашки напад на верски собир во пакистанската провинција Белучистан, соопштија полициски претставници.

Бомбашкиот напад се случил во областа Мастунга, во близина на џамија за време на верски собир по повод роденденот на пророкот Мухамед, објавија британските медиуми.

Бомбашот го активираше експлозивот во близина на возилото на заменик началникот на полицијата, изјави полициски претставник.

Повредените се префрлени во болниците во блискиот град Мастунг.

Министерот за внатрешни работи Сарфраз Бугти рече дека бомбардирањето е „многу грозоморен чин“.

Техрик-е-талибан Пакистан негира дека го извршил нападот, за кој сè уште никој не ја презел одговорноста. Муслиманите во Пакистан и светот го слават роденденот на исламскиот пророк со одржување на јавни собири. мс/

фото: МИА архива

 

Остани поврзан