• среда, 25 декември 2024

Најмалку 51 Палестинец загина, а 82 се ранети во израелски напад на Кан Јунис

Најмалку 51 Палестинец загина, а 82 се ранети во израелски напад на Кан Јунис

Газа, 2 октомври 2024 (МИА) - Најмалку 51 Палестинец загинаа, а 82 се ранети во израелска воздушна и копнена операција во јужниот град Кан Јунис, соопшти денеска Министерството за здравство на Газа.

Како што беше соопштено претходно денеска, во израелските напади во текот на ноќта загинаа најмалку 32 лица во јужниот дел на Газа, главно жени и деца, додека армијата започна копнени операции во Кан Јунис.

Болницата во Кан Јунис соопшти дека ги примила телата по тешки израелски воздушни напади и копнени операции во градот во текот на ноќта и наутро. Училиштето и Институтот за згрижување раселени лица биле бомбардирани. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан