• среда, 13 ноември 2024

Најмалку 50 лица хоспитализирани по судирите меѓу демонстрантите и полицијата во Ереван

Најмалку 50 лица хоспитализирани по судирите меѓу демонстрантите и полицијата во Ереван
Ереван, 4 јуни 2022 (МИА) - Најмалку 50 лица се хоспитализирани по судирите меѓу полицијата и демонстрантите во близина на резиденцијата на ерменскиот премиер Никола Пашинјан во Ереван, соопшти Министерството за здравство. Во соопштението се наведува дека 34 полицајци и 16 цивили се хоспитализирани и дека еден од повредените е во критична состојба. Прес-службата на ерменската полиција соопшти дека се приведени 11 лица и дека е покрената кривична постапка. Полицијата употреби шок бомби против претставници на опозицијата кои претходно шетаа низ градот, се упатија кон Плоштадот на Републиката и се приближија до зградата на Владата, а потоа отидоа до резиденцијата на Пашинјан. Од 25 април опозицијата одржува протести низ цела Ерменија. Причина за незадоволството се неодамнешните изјави на премиерот за Нагорно Карабах. Според него, меѓународната заедница го повикува Ереван да ја помести границата по прашањето на статусот на непризнаена република и предупредува на опасноста од непризнавање на територијалниот интегритет на Азербејџан. Демонстрантите сметаат дека политиката на власта ѝ се заканува на земјата да ја изгуби својата државност и го загрозува постоењето на непризнаената Република Нагорно Карабах. паг/  

Остани поврзан