• вторник, 12 ноември 2024

Најмалку 40 мигранти од Хаити загинаа во експлозија на брод

Најмалку 40 мигранти од Хаити загинаа во експлозија на брод

Порт о Пренс, 19 јули 2024 (МИА) - Најмалку 40 мигранти од Хаити загинаа денеска во експлозија на брод.

Како што јавија британските медиуми, до несреќата дошло откако контејнерите со бензин на бродот се запалиле и експлодирале, објавија властите на Хаити.

Како дел од ритуалот, мигрантите запалија свеќи со кибрит за да обезбедат безбеден премин до островите Туркс и Каикос, изјави Жан-Анри Петит, кој раководи со канцеларијата за цивилна заштита на северот на Хаити. мс/

фото: ЕПА

Остани поврзан