Најмалку 40 земјоделци убиени во напад на нигериски милитанти
- Најмалку 40 земјоделци загинаа во напад на исламистичката екстремистичка група Боко Харам во Нигерија, изјави официјален претставник на локалните власти.
Лагос, 14 јануари 2025 (МИА) – Најмалку 40 земјоделци загинаа во напад на исламистичката екстремистичка група Боко Харам во Нигерија, изјави официјален претставник на локалните власти.
Борците на Боко Харам и нејзината отцепена група лојални на Исламската држава се осомничени дека го извршиле нападот во неделата во североисточната држава Борно во Нигерија, изјави денеска комесарот за информации Усман Тар.
- Првичниот извештај покажува дека околу 40 земјоделци се убиени, додека се трага каде се наоѓаат многумина кои избегале од нападот за да се обединат со нивните семејства, рече Тар.
Боко Харам почна насилна кампања во североисточна Нигерија во 2009 година за да воведе строга исламска теократија во западноафриканската земја.
Во овој конфликт загинаа повеќе од 35.000 луѓе, додека повеќе од два милиони луѓе се раселени. јт/
Фото: МИА архива