• понеделник, 15 декември 2025

Најмалку 39 Палестинци загинале во последните 24 часа во израелски напади во Газа

Најмалку 39 Палестинци загинале во последните 24 часа во израелски напади во Газа

Газа, 30 април 2025 (МИА) – Во последните 24 часа 39 Палестинци биле убиени во израелски напади врз Газа, од кои 14 лица загинале во централниот дел на енклавата, соопштија медицински извори.

Министерството за здравство на Газа, кое е под контрола на Хамас, во својот дневен извештај потврди дека во истиот период се повредени 109 лица, јави Ал Џезира.

Од почетокот на конфликтот, на 7 октомври 2023 година, бројот на загинати во Газа се зголеми на 52.400, додека 118.014 лица се повредени, според податоците на министерство.

Светските агенции нагласуваат дека бројките не можат независно да бидат потврдени. јт/

Фото: МИА архива

Остани поврзан