• среда, 25 декември 2024

Најмалку 38 луѓе го загубија животот во бродолом кај брегот на Џибути

Најмалку 38 луѓе го загубија животот во бродолом кај брегот на Џибути

Најроби, 9 април 2024 (МИА) - Најмалку 38 бегалци, меѓу кои и деца, го загубија животот во бродолом кај брегот на Џибути, соопшти денеска Агенцијата за миграција на Обединетите нации.

Во соопштението на Агенцијата се вели дека најмалку шест лица се водат како исчезнати и се претпоставува дека се мртви, а 22 преживеани добиле помош од Агенцијата и од локалното население.

Ивон Ндеге, регионален портпарол на Агенцијата за миграција на Обединетите нации рече дека чамецот со мигранти испловил од Јемен изутрината околу 2 часот, дека бродоломот се случил на околу 200 метри од територијалните води на Џибути, како и дека пловилото со 66 луѓе, главно од регионот на Рогот во Африка, потонало два часа подоцна. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан