• четврток, 26 декември 2024

Најмалку 37 загинати во два напада на Боко Харам во североисточна Нигерија

Најмалку 37 загинати во два напада на Боко Харам во североисточна Нигерија

Абуџа, 2 ноември 2023 (МИА) - Милитантната исламистичка група Боко Харам убила 20 лица во североисточна Нигерија кои се враќале од погреб на жртвите од претходниот напад на истата група, соопшти денеска локалната полиција, пренесува Би-би-си.

Нападот се случил кога возило со ожалостени лица наишло на експлозивна направа поставена од милитантите.

Портпаролот на полицијата наведува дека десет лица загинале на лице место, а уште десет починале во болница.

Претходно во понеделникот, милитантите егзекутираа 17 лица со огнено оружје во блиското село.

Полицијата тврди дека Боко Харам го организирал нападот затоа што жителите на тоа село одбиле да им го платат таканаречениот „данок на жетва“.

Милитантите често се обвинувани дека изнудуваат пари од населението во североисточна Нигерија за да ги финансираат нивните операции и да вршат контрола над тамошните заедници.

Локалните власти тврдат дека милитантите дошле од соседната држава Борно, каде годинава Боко Харам изврши неколку напади врз цивили.

Групата, чие име значи „Забрането е западното образование“, својот бунт против државата го почна во 2009 година и оттогаш постојано ги напаѓа секуларните училишта како дел од обидите да воспостави своја верзија на исламското владеење во регионот.

Групата стана позната кога во 2014 година киднапираше повеќе од 200 ученички од градот Чибок на североистокот на земјата. сд/

Остани поврзан