• четврток, 26 декември 2024

Најмалку 36 луѓе загинаа при уривањето на облакодерот во Лагос

Најмалку 36 луѓе загинаа при уривањето на облакодерот во Лагос
Абуџа, 4 ноември 2021 (МИА) - Најмалку 36 луѓе загинаа при уривањето на станбениот облакодер во изградба, што се случи на 1 ноември во најголемиот град на Нигерија, Абуџа. - Официјално е потврдено дека досега се пронајдени 36 тела, од кои 33 мажи и три жени, како и деветмина преживеани, изјави директорот на нигериската Државна агенција за управување со итни ситуации во Лагос. Се уште не е позната причината за уривањето на зградата. Облакодерот од 22 ката беше една од трите кули изградени од приватна фирма, а најевтиниот стан во зградата е продаден за 1,2 милиони долари. Во Нигерија, најнаселената африканска земја, уривањата на зградите се релативно чести поради лошото почитување на прописите, како и поради градежните материјали кои често се со лош квалитет. ми/

Остани поврзан