Најмалку 36 загинати откако обилни снежни врнежи и дождови го погодија Авганистан
- Најмалку 36 лица загинаа, а 40 се повредени како резултат на обилните снежни врнежи и дожд во различни делови на Авганистан, изјави денеска портпаролот на талибанската влада.

Кабул, 26 февруари 2025 (МИА) - Најмалку 36 лица загинаа, а 40 се повредени како резултат на обилните снежни врнежи и дожд во различни делови на Авганистан, изјави денеска портпаролот на талибанската влада.
-Серијата денови на екстремни временски услови во повеќето авганистански провинции ги намалија ефектите од сушата, но предизвикаа и човечки жртви и материјални загуби, изјави портпаролот на Националната управа за управување со катастрофи, Абдула Јан Саик.
Саик рече дека 240 куќи се целосно уништени, а 61 претрпеле штета. Уништени се стотици хектари земја.
Во погодените подрачја испратени се екипи за проценка на штетите со помош на невладини организации. мс/
фото: МИА архива