• среда, 18 декември 2024

Најмалку 34 лица загинаа во циклонот Чидо во Мозамбик

Најмалку 34 лица загинаа во циклонот Чидо во Мозамбик

Мапуто, 17 декември 2024 (МИА) – Најмалку 34 лица загинаа во циклонот Чидо во Мозамбик, соопшти Канцеларијата на Обединетите нации за координација на хуманитарни прашања (ОЦХА), повикувајќи се на податоци од националната агенција за вонредни состојби.

- До 17 декември 2024 година, се проценува дека 174.158 луѓе биле погодени од циклонот, 34 луѓе загинале, а 319 се повредени, се вели во соопштението на ОЦХА, цитирано од Институтот за природни катастрофи во Мозамбик.

Малиот француски остров Мајот беше најтешко погоден од циклонот, при што се верува дека илјадници луѓе загинале пред циклонот да продолжи кон Мозамбик, на источниот брег на јужна Африка. јт/

Остани поврзан