• вторник, 12 ноември 2024

Најмалку 32 лица загинаа во поплавите во Непал

Најмалку 32 лица загинаа во поплавите во Непал

Катманду, 28 септември 2024 (МИА) - Најмалку 32 лица загинаа, а 12 се водат како исчезнати во поплавите во Непал предизвикани од обилните врнежи од дожд, соопшти денеска локалната полиција.

Седумнаесет луѓе се повредени, додека повеќе од 1.050 се спасени во Катманду.

Владата издаде предупредување за поплави низ целата земја.

Безбедносните сили и службите за итна интервенција добија наредба да бидат во состојба на готовност.

Сезоната на монсуните, која носи обилни врнежи, започна во јуни и генерално завршува во средината на септември. паг/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан