• сабота, 27 јули 2024

Најмалку 30.000 раселени по разорните поплави во Дерна, илјадници загинати

Најмалку 30.000 раселени по разорните поплави во Дерна, илјадници загинати

Триполи, 13 септември 2023 (МИА) - Најмалку 30.000 луѓе се раселени во либискиот град Дерна по разорните поплави предизвикани од бурата „Даниел“, во која загинаа илјадници луѓе, соопшти денеска Меѓународната организација за миграција, пренесоа светските агенции.

Доктор во Дерна изјави денеска дека повеќе од 2.000 луѓе ги загубиле животите во поплавите, додека источните либиски власти во изјавите за локалната телевизија проценуваат дека бројот на загинати надминал 5.000.

Бурата „Даниел“ го зафати Медитеранот и во неделата ја погоди Либија.

Министерот во источната влада Хишам Абу Шкиват во телефонска изјава по неговата посета на Дерна рече дека не претерува кога вели дека повеќе од 25 отсто од градот Дерна исчезнал, дека многу згради се урнати.

Други источни градови, вклучувајќи го и вториот по големина либиски град Бенгази, исто така беа погодени од невремето.

Канцеларијата на ОН за координација на хуманитарни прашања соопшти дека се мобилизирани екипи за помош. паг/

Фото: Х

 

 

Остани поврзан