• вторник, 24 септември 2024

Најмалку 30 рудари загинаа во експлозија на гас во ирански рудник за јаглен

Најмалку 30 рудари загинаа во експлозија на гас во ирански рудник за јаглен

Техеран, 22 септември 2024 (МИА) - Најмалку 30 рудари загинаа, а уште 17 се повредени во експлозија на гас во рудник за јаглен во северниот ирански град Табас, објави денеска неделата државната телевизија ИРИБ, цитирајќи ги локалните власти.

Некои од повредените се во критична состојба, а се стравуваше дека бројот на жртвите може да се зголеми. Седумдесет рудари биле во рудникот во моментот на експлозијата, која се случила во текот на ноќта, се вели во извештајот.

Спасувачката работа се одвиваше бавно поради густ чад, јави ИРИБ. Се вели дека надежите за преживеаните сè уште заробени во рудникот исчезнуваат. мс/

фото: ЕПА

Остани поврзан