• среда, 25 декември 2024

Најмалку 30 лица загинаа во поплавите во Авганистан

Најмалку 30 лица загинаа во поплавите во Авганистан

Кабул, 23 јули 2023 (МИА) – Во разурнувачките поплави во неколку области на центрачната авганистанска провинција Мајдин Вардак досега загинаа над 30 лица, соопштија денеска локалните покраински власти, пренесе ДПА.

Во изминатите 72 часа, најмалку 31 лице го загубило животот низ целата земја, потврдија за ДПА од Агенцијата за управување со катастрофи.

Со поплави се зафатени вкупно осум провинции, додава германската агенција.

Најмногу смртни случаи се пријавени во провинцијата Мајдан Вардак, каде голем број жители на спиење настрадаа од надојдените води.

Според Агенцијата за управување со катастрофи, уште десетици лица се водат како исчезнати. Оттаму наведуваат дека стотици куќи се оштетени или уништени, а патиштата се затворени за сообраќај.

Во соопштението, владата на талибанците ги повика хуманитарните агенции да обезбедат итна поддршка за жртвите.

Поројните поплави обично ги изненадуваат луѓето бидејќи во планинската земја нема систем за рано предупредување.

Обединетите нации наведуваат дека деценискиот конфликт, заедно со деградацијата на животната средина и недоволното инвестирање во намалувањето на ризикот од катастрофи, придонесоа за зголемена ранливост на Авганистанците од природни катастрофи.

Природните катастрофи годишно во просек погодуваат 200.000 Авганистанци, пренесува ДПА.сд/

фото:ЕПА

 

Остани поврзан