• четврток, 19 декември 2024

Најмалку 29 лица загинаа во стампедо за време на христијански фестивал во Либерија

Најмалку 29 лица загинаа во стампедо за време на христијански фестивал во Либерија
Монровија, 20 јануари 2022 (МИА) - Најмалку 29 лица, меѓу кои 11 деца и една бремена жена, загинаа во стампедо за време на христијански фестивал во густо населениот дел на Монровија,  главниот град на Либерија. Портпаролот на полицијата Мозес Картер изјави за Би-Би-Си дека стампедото се случило во средата вечерта кога членовите на бандата, од кои некои носеле ножеви, дошле на фестивалот и ги нападнале верниците. Тој додаде дека досега е уапсено едно лице. Во последните години, на улиците на градовите во Либерија има се повеќе улични банди. Претседателот Џорџ Веа денеска треба да го посети местото на трагичниот настан. паг/

Остани поврзан