• понеделник, 31 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Најмалку 28 загинати во шумските пожари во Јужна Кореја

Најмалку 28 загинати во шумските пожари во Јужна Кореја

Сеул, 28 март 2025 (МИА) - Бројот на загинати во шумските пожари што ја зафатија југоисточна Јужна Кореја се искачи на најмалку 28, а уште 37 лица се повредени, јави денеска новинската агенција Јонхап.

Пожарите, кои беснеат од петокот, веќе изгореа околу 48.000 хектари шума, што е повеќе од двојно од површината изгорена од пожарите во 2000 година, претходно најлошите во историјата на Јужна Кореја, потсетува агенцијата.

Пожарникарите денеска работата во подобри услови, со подобра видливост и пониски температури по врнежите во текот на ноќта.

Околу 38.000 жители досега мораа да бидат евакуирани, информира владината агенција за одговор при катастрофи.

Пожарите, кои почнаа во округот Санчеонг, на околу 250 километри југоисточно од Сеул, предизвикаа значително уништување, вклучително и на неколку историски места.

Шумските пожари не се невообичаени во Јужна Кореја за време на суви периоди. Во последниве години во земјата се зголемени и просечните температури и екстремните временски услови, што значително ја зголеми опасноста и сериозноста на пожарите.

Експертите сметаат дека зголемувањето на шумските пожари е знак за тековните ефекти од климатските промени. јт/

Фото: ЕПА

 

Остани поврзан