• четврток, 26 декември 2024

Најмалку 26 лица погинаа во торнадото што ги зафати југот и средниот запад на САД

Најмалку 26 лица погинаа во торнадото што ги зафати југот и средниот запад на САД

Вашингтон, 2 април 2023 (МИА) - Најмалку 26 лица загинаа во налетот на торнада што погодија градови во јужниот и средниот запад на САД.

Би-би-си денеска јавува дека силните ветрови оштетија куќи, а стотици илјади лица се останати без струја.

Торнадо најсилно ги погоди американските сојузни држави Вирџинија, Охајо и Пенсилванија, а помина и низ Арканзас, Тенеси, Илиноис, Индијана, Алабама и Мисисипи.

Гувернерката на Арканзас, Сара Хакаби Сандерс, пред два дена прогласи вонредна состојба во оваа сојузна американска држава, а Националната гарда е активирана за да помогне во последиците од невремето.

Сандерс кажа дека разговарала со американскиот претседател Џо Бајден за ситуацијата и дека од него добила ветување за федерална помош.

За време на концерт на хеви метал група во Белвидер, Илиноис, во петокот од невремето се урна покрив од театарот, при што едно лице загина, а 28 се повредени.

Минатата недела во торнадо во Мисисипи загинаа уште други 26 лица. сд/

Остани поврзан