• четврток, 26 декември 2024

Најмалку 25 повредени цивили во ракетен напад врз Краматорск

Најмалку 25 повредени цивили во ракетен напад врз Краматорск
Киев, 5 мај 2022 (МИА) - Најмалку 25 цивили се повредени во ракетен напад врз Краматорск,  Доњецк, извршен од страна на руските сили, соопшти Советот на градот на Телеграм. - Уште еден ракетен напад врз Краматорск. Беше опасен, се случи синоќа во населени места и во централниот дел на градот, се наведува во објавата на Телеграм. Претходно, гувернерот на Луганск, Серхиј Гајдај изјави дека во синоќешното гранатирање на руските сили загинале петмина цивили. Русија изминатите недели ги пренасочи своите напади на исток и на југ, откако претходно се обиде да го опколи и заземе главниот град на Украина, Киев. бд/ми/

Остани поврзан