• среда, 25 декември 2024

Најмалку 249 лица починаа во Мексико поради високите температури

Најмалку 249 лица починаа во Мексико поради високите температури

Мексико Сити, 28 јули 2023 (МИА) – Најмалку 249 лица починаа во Мексико во последните четири месеци поради жештините, пренесува агенцијата Анадолија.

Министерството за здравство на Мексико објави извештај за смртни случаи во земјата поради екстремните температури како последица на климатските промени.

Во периодот од 19 март до 22 јули починале 249 лица како последица на екстремно високите температури. Термометрите во Мексико кон крајот на јуни покажуваа 45 Целзиусови степени.

Најголем број смртни случаи се регистрирани во Нов Леон, каде што животот го загубиле 100 лица.

Околу 92,4 проценти од смртните случаи се предизвикани од топлотен удар, а другите поради жед.

Мексиканската Влада препорачува да се пијат најмалку два литри вода во текот на денот за да може полесно да се поднесат горештините и да не се излегува надвор доколку тоа не е неопходно.

Во истиот период минатата година 38 лица починаа од екстремни горештини во Мексико.

Националната метеоролошка служба (СМН) соопшти дека „ги доживеале најзашеметувачките денови во последните години“ во Мексико, каде што температурата надминувала 40 Целзиусови степени.

Светската метеоролошка организација соопшти дека топлотниот бран постојано се зголемува и светот би требало да биде подготвен за поинтензивни топлотни бранови.

Фото: ЕПА

Остани поврзан