• недела, 22 декември 2024

Најмалку 24 лица загинаа во близина на северен Сенегал во инцидент со брод со мигранти

Најмалку 24 лица загинаа во близина на северен Сенегал во инцидент со брод со мигранти

Дакар, 29 февруари 2024 (МИА) - Најмалку 24 лица загинаа во морето кај северен Сенегал, при потонување на брод со мигранти, изјави гувернерот на регионот Сент Луис во Сенегал, Алиуне Бадара Самб.

Сепак, очевидци изјавија дека во бродот имало 200, дури и повеќе од 300 луѓе, но гувернерот повика на претпазливост во врска со овие податоци.

„Бродот бил во неволја на неколку стотини метри од брегот. Брегот може да биде особено опасен поради морските струи и природата на морското дно“, додаде тој.

Според Бадара Самб, чамецот можеби пловел од Жоал-Фадиут, неколку стотици километри јужно од Сент Луис.

Со години, Сенегал се соочува со наплив на заминувања кон Канарските Острови, шпански архипелаг во Атлантскиот океан и порта кон Европа. Ова е особено смртоносен поморски пат преку Атлантскиот Океан, во близина на брегот на Западна Африка. Илјадници Сенегалци кои бегаат од сиромаштијата тајно се качуваат на дрвени кануа долги до 20 метри, кои пренесуваат десетици мигранти за одредена сума. паг/

Фото: ЕПА

Остани поврзан