• сабота, 29 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Најмалку 23 загинати во насилни етнички судири за кражби на добиток во Јужен Судан

Најмалку 23 загинати во насилни етнички судири за кражби на добиток во Јужен Судан

Џуба, 30 април 2024 (МИА) - Најмалку 23 лица загинаа, а 44 се повредени во насилните судири меѓу различните етнички групи предизвикани од кражбите на добиток во Јужен Судан, изјави денеска локален официјален претставник, пренесе ДПА .

-Тешко вооружените крадци нападнаа село во државата Источна Екваторија, изјави портпаролот на локалната администрација.

За време на нападот биле украдени стотици говеда, а биле киднапирани и седум деца и пет жени, го пренесува германската агенција портпаролот на локалната администрација.

Припадниците на етничката група Мурле биле вооружени со митралези и други автоматски оружја, додаде тој.

Последниот инцидент доаѓа по претходните серија смртоносни напади поврзани со кражба на добиток во Јужен Судан.сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан