• среда, 25 декември 2024

Најмалку 22 лица загинаа во израелските напади врз Рафа

Најмалку 22 лица загинаа во израелските напади врз Рафа

Газа, 29 април 2024 (МИА) - Најмалку 22 лица загинаа во израелските напади во текот на ноќта врз градот Рафа во јужниот дел на Газа, соопштија палестинските здравствени власти. Меѓу убиените има шест жени и пет деца.

Од почетокот на војната, Израел редовно ја изложува Рафа на воздушни напади и се заканува дека ќе испрати копнени трупи, тврдејќи дека тоа е последното упориште на Хамас во крајбрежната енклава.

Над еден милион Палестинци избегаа во Рафа, барајќи засолниште во градот, кој се протега на границата со Египет. САД и другите земји го повикаа Израел да не врши инвазија за да избегне хуманитарна катастрофа.

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска ја започна својата седма дипломатска мисија на Блискиот Исток од почетокот на војната меѓу Израел и Хамас, пред повеќе од шест месеци. паг/

Фото: ЕПА

 

 

 

Остани поврзан