• среда, 25 декември 2024

Најмалку 22 лица загинаа во бродолом во Индија

Најмалку 22 лица загинаа во бродолом во Индија

Њу Делхи, 8 мај 2023 (МИА) - Најмалку 22 лица загинаа кога туристички брод потона во јужната индиска држава Керала, соопшти утринава локалната полиција.

„Најдовме 22 тела. Шест лица се во болница“, соопшти полицијата во градот Танур, каде синоќа се случи несреќата.

Во тек е спасувачка операција.

Официјални лица велат дека на бродот веројатно имало околу 50 патници повеќе од дозволеното. Меѓу патниците имало и голем број деца. ссм/

фото: МИА архива

Остани поврзан