• недела, 01 септември 2024

Најмалку 20 луѓе загинаа при нападот на исламистите во Могадишу

Најмалку 20 луѓе загинаа при нападот на исламистите во Могадишу
Могадишу, 20 август 2022 (МИА) - Сомалиската полиција денеска соопшти дека 20 лица загинале, а 40 се повредени во нападот на исламистите во Могадишу по неколкучасовна размена на оган со безбедносните сили. Нападот почна со експлозии пред хотелот Хајат пред вооружените лица да влезат во зградата. Безбедносните сили сè уште работат на ставање крај на опсадата на хотелот речиси 24 часа по почетокот на нападот. Исламистичката група Ал Шабаб, поврзана со Ал Каеда, ја презеде одговорноста за нападот. Групата е позната по нападите врз сомалиските безбедносни сили, како и врз хотели и други објекти, првенствено во главниот град на Сомалија. Засега не е познат идентитетот на жртвите, но се претпоставува дека има многу цивили. ми/

Остани поврзан