• сабота, 23 ноември 2024

Најмалку 20 загинати во израелски напад на шиитскиот град Алмати, северно од Бејрут

Најмалку 20 загинати во израелски напад на шиитскиот град Алмати, северно од Бејрут

Бејрут, 10 ноември 2024 (МИА) - Либанското Министерство за здравство денеска соопшти дека најмалку 20 лица загинале во израелски напад врз шиитскиот град Алмат, во претежно христијанската област Џбеил, северно од Бејрут.

„Во израелскиот напад загинаа дваесет лица, меѓу кои три деца, а шест се ранети“, пренесоа светските агенции за новиот биланс на жртви во нападот, бидејќи претходно беше соопштено за 12 загинати лица.

Во меѓувреме, потрагата по преживеани во урнатините продолжува.

Официјалните либански медиуми претходно објавија за израелски напад врз куќа во источниот либански град Баалбек. На нападот, овој пат, не му претходело предупредување од израелската армија за евакуација на жителите.

„Непријателски авион изврши напад врз куќа во населбата Ал-Лакис во градот“, објави Националната новинска агенција (ННА).сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан