• четврток, 26 декември 2024

Најмалку 18 убиени во судири меѓу кланови во руралниот дел на Јужен Судан

Најмалку 18 убиени во судири меѓу кланови во руралниот дел на Јужен Судан
Џуба, 10 октомври 2020 (МИА) -  Најмалку 18 лица загинаа во обновените судири меѓу два клана во Јужен Судан, изјави претставник на локалните власти, јави ДПА. -Судирите избувнаа вчера доцна вчерта во државата Ворап, на северот од земјата, изјави обласниот комесар, Самуел Аван. Судирите продолжиле и утринава, оставајќи за нив уште 34 поврдени лица. -Десетици деца се избегани и се уште се кријат, додаде  Аван. Борбите меѓу двата ривалски клана ги предизвика убиството на еден маж во четвртокот вечерта од непознато вооружено лице. -Кланот на убиеното лице за настанот го обвини ривалскиот клан, рече Аван. Додека ситуацијата не се смири, властите стравуваат дека без интервенција од владата може да дојде до ново разгорување на страстите, појаснува ДПА. Во септември, владата ги запре плановите за разоружување со цел да ги одржи мирот и безбедноста во државата Ворап. Во август во овој регион се убиени повеќе од 100 лица, бидејќи армијата и цивилите се судрија токму околу разоружувањето, потсети ДПА. сд/

Остани поврзан