• среда, 25 декември 2024

Најмалку 18 лица загинати, а 30 повредени при терористички напади во североисточна Нигерија

Најмалку 18 лица загинати, а 30 повредени при терористички напади во североисточна Нигерија

Абуџа, 30 јуни 2024 (МИА) - Најмалку 18 лица се убиени, а 30 се повредени при терористички напади во североисточната нигериска држава Борно, соопшти локалната служба за итни случаи.

Од пред 15 години, Борно е подложен на напади од исламистички групи кои убија илјадници локални жители и принудија милиони да ги напуштат своите домови. Иако нигериската армија успеа да го ограничи капацитетот на исламистичките борци, тие сè уште извршуваат смртоносни напади врз цивили и напаѓаат припадници на безбедносните сили.

Баркиндо Саду, раководител на Агенцијата за управување со итни случаи во државата Борно, изјави дека вчера имало три одделни напади во градот Гвоза. Напаѓачи-самоубијци нападнале учесници на свадбена церемонија, луѓе собрани на погреб, како и болница во градот Гвоза. Саду посочи дека засега е потврдена смртта на 18 лица, меѓу кои две деца и бремена жена, а повредени се најмалку 30 лица.

Засега никој не ја презел одговорноста за нападите, но најактивни терористички групи во Борно се „Боко Харам" и "Исламска држава - провинција Западна Африка". ссм/

фото: архива/илустрација

Остани поврзан