• недела, 01 септември 2024

Најмалку 18 жртви, меѓу кои три деца, во најновите напади во Газа

Најмалку 18 жртви, меѓу кои три деца, во најновите напади во Газа

Газа, 4 август 20924 (МИА) - Најмалку 18 лица загинаа утринава во новите израелски напади врз Појасот Газа, меѓу кои најмалку четири лица кои беа убиени во израелски воздушен напад врз камп во кој се сместени раселените Палестинци во Деир ал Балах, во центарот на Газа.

Најмалку осум лица, меѓу кои три деца, загинаа утринава во израелски напад врз куќа во северниот дел на Газа, соопшти Министерството за здравство на Газа под контрола на Хамас.

Американските медиуми пренесуваат дека израелските сили утринава нападнаа и шаторски камп во дворот на болницата Ал Акса во Деир ал Балах, а во тој напад се повредени неколку лица, соопштија здравствени власти .

Болницата во Деир ал Балах е главната медицинска установа која работи во централниот дел на Појасот Газа, каде што се засолниле илјадници Палестинци кои избегале од конфликтот во другите делови на енклавата.сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан