Најмалку 16 повредени откако автомобил удри во толпа во Мексико
- Најмалку 16 лица се повредени кога автомобил вечерва удри во толпа пред катедрала во Мексико, соопштија локалните власти.
Мексико Сити, 27 октомври 2024 (МИА) – Најмалку 16 лица се повредени кога автомобил вечерва удри во толпа пред катедрала во Мексико, соопштија локалните власти.
Едно лице украло пикап во близина на локалниот пазар и се упатило кон плоштадот пред катедралата во Гвадалахара во обид да избега.
Мануел Ромо, генералниот секретар на владата, за локалните медиуми изјави дека повредените имаат 14 години. Тој рече дека осомничениот е во притвор.
- За среќа, сите се стабилни и ги контактиравме сите семејства, рече Вероника Делгадило, градоначалничка на Гвадалахара. јт/
Фото: МИА архива