• среда, 25 декември 2024

Најмалку 16 загинати од ураганот „Џон“ во Мексико

Најмалку 16 загинати од ураганот „Џон“ во Мексико

Акапулко, 30 септември 2024 (МИА) - Најмалку 16 лица загинаа за време на минувањето на ураганот „Џон“ оваа недела на брегот на Тихиот Океан во јужно Мексико, соопштија вчера претседателот и локалната цивилна заштита.

Бројот на загинати „е 15 лица“ во регионот Акапулко, изјави претседателот Андрес Мануел Лопез Обрадор. Уште едно лице загина во соседната држава Мичоакан, соопшти цивилната одбрана. мс/

фото: ЕПА

Остани поврзан