• недела, 24 ноември 2024

Најмалку 157 жртви на циклонот Сероџа во Индонезија

Најмалку 157 жртви на циклонот Сероџа во Индонезија
Џакарта, 6 април 2021 (МИА) – Најмалку 157 лица загинаа во Индонезија и соседен Источен Тимор, а десетици се водат како исчезнати по ударот на циклонот Сероџа, кој ја погоди југоисточна Азија и остави пустош, а многу семејства остаа без своите домови, соопштија денеска индонезиските власти. Индонезиската агенција за вонредни состојби соопшти дека се евидентирани 130 жртви на оддалечените острови недалеку од Источен Тимор, каде се потврдени уште 27 смртни случаи, пренесува лондонски „Гардијан“. Индонезиските спасувачки екипи се обидуваат да пронајдат повеќе од 70 лица кои се водат како исчезнати и со булдожери го расчистуваат теренот во планинските области. Напорите на спасувачките екипи се попречени од честите прекини на електричната енергија, блокадите на патиштата до оддалечените локации и лошите временски услови. јт/

Остани поврзан