• среда, 25 декември 2024

Најмалку 148 луѓе загинаа во тропска бура на Филипините

Најмалку 148 луѓе загинаа во тропска бура на Филипините
Манила, 14 април 2022 година (МИА) - Најмалку 148 луѓе загинаа во поплавите и одроните предизвикани од тропската бура Меги на Филипините, соопштија властите. Десетици сè уште се водат како исчезнати во најсилното невреме годинава во Малајскиот архипелаг. Невремето принуди десетици илјади луѓе да ги напуштат своите домови и тие се наоѓаат во центрите за евакуација. Во најтешко погодената провинција Лејте, во централниот дел на Филипините, лизгањето на земјиштето предизвика да исчезнат бројни куќи и земјоделски и рибарски заедници. Меги, локално позната како Агатон, е првата голема тропска бура што ги погоди Филипините оваа година. ссм/

Остани поврзан