• недела, 28 јули 2024

Најмалку 13 рудари загинаа во хаварија во рудник за злато во Бурунди

Најмалку 13 рудари загинаа во хаварија во рудник за злато во Бурунди

 

Гитела, 2 април 2023 (МИА) - Најмалку 13 рудари загинаа, а двајца се водат за исчезнати откако поради поројните дождови  дошло до хаварија во коп од рудникот за злато во Бурунди, соопштија властите.

Гувернерот на северозападната провинција Цибитоке изјави дека рударите не можеле да бидат спасени откако во петокот вечерта се урнал копот поради обилните врнежи.

Полицијата и другите агенции за спасување вчера цел ден неуспешно се обидувале да ги извлечат рударите од јамите, поплавени со вода, поради излеаната река Ругого.

Американските медиуми пренесуваат дека во Бурунди има чести рударските несреќи, особено во северозападниот и североисточниот дел на земјата, каде илегалните рудари претпочитаат да работат ноќе за да го избегнат надзорот од властите. сд/

 

 

Остани поврзан