• недела, 24 ноември 2024

Најмалку 129 луѓе загинаа во поплавите во Руанда

Најмалку 129 луѓе загинаа во поплавите во Руанда

Кигали, 4 мај 2023 (МИА) – Во поплавите предизвикани од обилните дождови во западниот и северниот дел на Руанда загинаа најмалку 129 луѓе. Се претпоставува дека бројот на жртвите е поголем бидејќи сè уште трае потрагата по исчезнатите лица.

Обилните дождови почнаа минатата недела и предизвика поплави и лизгање на земјиштето. Според метеоролозите и наредните денови се очекуваат обилни дождови.

Владата на Руанда ги повика луѓето кои живеат во мочурливи области и други опасни области да се дислоцираат. Западните и северните провинции, како и главниот град Кигали, се особено ридски, што ги прави ранливи на лизгање на земјиштето за време на сезоната на дождови.

Минатиот месец Министерството за вонредни состојби соопшти дека од јануари до 20 април загинале 60 лица катастрофи поврзани со временските услови, уништени се над 1.205 куќи, а оштетени се 2.000 хектари земјиште.

Обилни врнежи имаше и во делови од Источна Африка, вклучително и југозападна Уганда. Минатата недела најмалку три лица се удавија по излевање на река во оддалечената област Рукунгири во Уганда. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан