• вторник, 20 јануари 2026

Најмалку 12 ученици загинаа во сообраќајна несреќа во Јужна Африка

Најмалку 12 ученици загинаа во сообраќајна несреќа во Јужна Африка

Јоханесбург, 19 јануари 2026 (МИА) – Најмалку 12 деца загинаа откако камион се судри со училиштен автобус во провинцијата Гаутенг, Јужна Африка.

Според првичните информации 11 ученици починале на местото на несреќата, а еден ученик им подлегна на раните во болница.

Автобусот превезувал ученици од различни основни и средни училишта од југозападниот дел на Јоханесбург. ми/

фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан