• петок, 20 декември 2024

Најмалку 12 уапсени на протестите на земјоделците во Варшава

Најмалку 12 уапсени на протестите на земјоделците во Варшава

Варшава, 6 март 2024 (МИА) – Најмалку дванаесет лица беа уапсени денеска во Варшава, додека некои земјоделци кои протестираа се обидоа да ги пробијат бариерите пред зградата на парламентот и да влезат во теренот, соопшти полицијата.

Полицајците го спречија тоа, соопшти полицијата на X, при што се повредени неколку полицајци.

Телевизијата ТВН24 прикажа снимка на која демонстрантите фрлаат бекатонски плочки и пиротехника кон полицијата. Полицајците одговорија со солзавец и водени топови.

Полицајците ја запечатија зградата на парламентот и побараа од толпата да се разиде.

Неколку илјади земјоделци претпладнево маршираа до пред зградата на Владата во Варшава. Овој пат им се придружија не само ловџиите и пчеларите, туку и поддржувачите на десничарскиот политички спектар, пренесува ДПА. јт/

Фото: ДПА

Остани поврзан