• среда, 28 август 2024

Најмалку 12 загинати во израелски напади врз Рафа, соопштија палестински извори

Најмалку 12 загинати во израелски напади врз Рафа, соопштија палестински извори

Ерусалим, 19 јуни 2024 (МИА) - Најмалку 12 лица загинаа во нападите на израелските вооружени сили во градот Рафа во јужниот дел на Појасот Газа, соопштија палестински извори, цитирани од ДПА.

Израелски тенкови, поддржани од воени авиони и беспилотни летала, денеска навлегоа длабоко во западниот дел на градот, соопштија локалните жители и палестинските медицински лица. Се уште не е јасно дали 12-те загинати се цивили или милитанти.

Претходно, локалните жители и палестинските медицински лица објавија дека осуммина загинале во Рафа откако влегле израелски тенкови.

Војната беше предизвикана од нападот на милитантите од палестинското движење Хамас и други групи во Израел на 7 октомври, во кој загинаа повеќе од 1.200 луѓе. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан