• вторник, 20 јануари 2026

Најмалку 11 луѓе загинаа во пожар во трговски центар во Пакистан

Најмалку 11 луѓе загинаа во пожар во трговски центар во Пакистан

Исламабад, 19 јануари 2026 (МИА) – Најмалку 11 луѓе загинаа синоќа во пожар што избувна во трговски центар во пакистанскиот град Карачи. Околу 60 луѓе се водат како исчезнати во огнот што го зафати објектот со повеќе катови.

Противпожарната служба соопшти дека гаснењето на огнот во трговскиот центар, со повеќе од 1.200 продавници, било отежнато поради густиот чад. 

Синоќа се урнаа поголеми делови од трговскиот центар, а останатата конструкција е нестабилна. Пожарот избувнал на приземје и за кратко време огнот го зафатил целиот објект. ми/

фото: ЕПА

Остани поврзан